Во Москва веќе се вакцинирани над 5.500 лица против коронавирусот

Според руското Министерство за здравство, овие вакцини ја докажале нивната способност да создадат траен имунитет во период до две години.

Рускиот министер за здравство, Михаил Мурашко денеска изјави дека во рамки на тестирањето на вакцината „Спутник V”, на клините во Москва биле вакцинирани повеќе од 5.500 лица.

-Фазата на тестирања по регистрацијата е во тек, рече Мурашко на средбата со претседателот Владимир Путин и членовите на руската Влада, пренесе Тасс.

Русија на 11 август ја регистрираше првата вакцина во светот против новиот коронавирус. Вакцината ја разви Националниот истражувачки центар за  епидемиологија и микробиологија „Гамалеја” на руското Министерство за здравство, а нејзините клинички испитувања биле успешно завршени во јуни и јули.

Вакцината е изработена врз платформа што се користела за низа други вакцини. Според руското Министерство за здравство, овие вакцини ја докажале нивната способност да создадат траен имунитет во период до две години.

Прочитајте и...  Богојески: Единствен начин да ја ослободиме Македонија од Заев е само Мицкоски се тргне од ВМРО ДПМНЕ

Руските медиуми јавуваат дека уште две други вакцини против коронавирус во моментов се во фаза на клинички испитувања во земјата. 

Поврзани вести

Апелациски суд во Пенсилванија го одби барањето на Трамп за блокирање на прогласувањето на победникот

МИА

Македонскиот јазик и идентитет се неспорни, можен патоказ кон Договорот со Бугарија, но не како дел од преговарачката рамка

МИА

Се отвора ли можност политички монтираните случаи да ја добијат правдата?

МИА

Бројките на новозаразени се стабилизираат, мерките се ефикасни ако се почитуваат

Слободен печат

Ковид кризата ги намали приходите од патарина

МИА

Сончево со умерена облачност, по одделни котлини магла

Слободен печат

Остави Коментар

MacedonianAlbanian