Во Москва уапсен екс дански репрезентативец и играч на Ливерпул бидјеќи протестирал против Путин
Поранешниот фудбалер на Ливерпул и на данската репрезентација, Даниел Агер е уапсен пред неколку дена во Москва бидејќи учествуваше на протестите против рускиот претседател Владимир Путин.
Агер е уапсен бидејќи бил дел од протестите против Путин, и денеска по дводневен притвор ќе биде сослушан пред истражен судија.
❗Экс-футболист «Ливерпуля» и капитан сборной Дании Даниель Аггер задержан во время протестов в Москве. Он провел двое суток в ОВД, а сегодня предстанет перед Головинским судомhttps://t.co/dJH2V63E15
— Новая Газета (@novaya_gazeta) January 25, 2021
Протестите низ Русија се одржаа во знак на поддршка на аупсениот опозициски лидер Алексеј Навални, и Агер заедно со останатите уапсени лица ќе се најде пред судот поради кршење на членот 20.2 ставка 6.1 од Законот за административни прекршоци во Русија – учествување во недозволен собир кој доведе до нарушување на јавниот ред и мир.
Агер се соочува со казна од 20.000 рубљи, хуманитарна работа или 15 дена затворска казна.
Даниел Агер најдобрите моменти во кариерата ги помина во Ливерпул за кого играше од 2005 до 2014 година и за тоа време одигра 232 натпревари на кои постигна 14 гола. Кариерата ја заврши во 2016 година во дресот на Брондби, во кој и ја започна професионалната кариера.