Во Москва над 7.700 новозаразени, од утре многу фирми нема да работат

Долниот дом на рускиот Парламент, Думата денеска го поддржа предлог-законот за задолжителни QR кодови во Русија/ Фото: EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Во Москва се регистрирани 7.704 новозаразени со коронавирусот, што е за илјада повеќе од претходниот ден. По налог на градоначалникот од денеска до 19 јуни во руската престолнина се прогласени неработни денови, објави агенцијата бета.рс.

Во цела Русија денеска се забележани 14.723 нови заразени, околу 1.200 повеќе од претходниот ден. Од почетокот на пандемијата се пријавени 5,2 милиони заразени и 126.000 смртни случаи.

На почетокот на јуни Москва бележеше околу 2.900 нови случаи дневно. Заради наглиот пораст на инфекцијата градоначалникот Сергеј Собјанин вчера ги прогласи наредните денови за неработни за најголем дел од фирмите, а на работниците ќе им бидат платени дневниците. Тој објасни дека одлуката се однесува на претпријатија и организации од сите видови и во сите форми на сопственост, освен за оние што се клучни за функционирањето на градот, како и за службите за безбедност и одбрана и некои стратешки индустрии.

Градоначалникот најави дека рестораните, баровите, ноќните клубови и сличните места ќе се затвараат во 23 часот, се до 20 јуни, затоа што целта сега е да се намали стапката на ширење на заразата со коронавирусот, кога веќе не може да се сопре.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот