Во моментов нема спасоносна вакцина против коронавирусот, тврди СЗО

Фото: EPA

Светската здравствена организација (СЗО) денеска предупреди дека можеби никогаш нема да има сигурен лек за коронавирусот, иако сите се надеваат на спасоносна вакцина против вирусот со кој се заразија над 18 милиони луѓе ширум светот.

– Во моментов немаме конечно решение за вирусот, и можеби никогаш нема ни да има, предупреди генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

Тедрос и директорот на СЗО за итни програми Мајк Рајан ги повикаа сите нации строго да ги спроведат здравствените мерки како што се носење маски, физичко растојание, миење на рацете и тестирање.

– Пораката до луѓето и владите е јасна: Направете сè, рече Тедрос на брифинг во Женева.

Тој рече дека маските треба да станат симбол на солидарноста ширум светот.

Рајан рече дека земјите со висок степен на трансмисија, меѓу кои се и Бразил и Индија, треба да водат голема битка.

– Излезот е долгорочна и постојана посветеност, истакна тој.

Претставниците на СЗО изјавија дека тимот за истражување на СЗО, кој бил испратен во Кина, од каде потекнува вирусот, сè уште не се вратил.

Тедрос исто така ги повика мајките да продолжат со доењето на своите деца и ако имаат Ковид-19, затоа што придобивките значително го надминуваат ризикот од зараза.

СЗО: Мајките треба да дојат и кога имаат Ковид-19

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот