Во „Моќник” обвинети член на ДИК од СДСМ и сопруг на скопска обвинителка

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Според обвинението што денеска го поднесе ОЈО, тие се обвинети за злоупотреба на службената положба и овластувањата.

Членот од СДСМ во Државната изборна Комисија Јанаќе Витаноски и Вецко Здравевски, сопруг на скопска обвинителка, како поранешни лустратори се обвинети во предметот „Моќник” заедно со Антонијо Милошоски, објави порталот сдк.мк.

Според обвинението што денеска го поднесе ОЈО, тие се обвинети за злоупотреба на службената положба и овластувањата.

Здравевски и Витаноски се обвинети во делот на лустрацијата на сега покојниот кичевски судија Драги Билески, по нарачка на Милошоски, за што е обвинет и тогашниот претседател на Комисијата за лустрација Томе Аџиев.

Предметот „Моќник“ се однесува на продажна на имот (зграда од 157 квадратни метри и дворно место од 3 920 квадратни метри) во село Ижишта, кој бил во сопственост на Општина Македонски Брод, а го користела Општина Пласница. Имотот бил продаден на таткото на пратеникот. Штетата што е направена на Општина Македонски Брод и на државниот буџет, според обвинителството, е околу 50 000 евра.

Милошоски, според Обвинителството, го поттикнал претседателот на Лустрациската комисија, Аџиев, да отвори постапка за судија. Кога беше отворена истрагата „Моќник“, беше посочено дека станува збор за судија за кој се сметало дека е близок на градоначалникот на Пласница и може да го штити во судска постапка, па затоа била иницирана неговата лустрација.

Комисијата ја отворила постапката и Аџиев заедно со деветмина членови на Лустрациската комисија, според ОЈО Скопје, иако не биле исполнети критериумите донеле одлука да го лустрираат судијата Билески кој бил времено оддалечен од вршење на функцијата судија во Основниот суд Кичево, а потоа и разрешен.

Нарачката на лустрацијата се слушна и во една од „бомбите“.

Во јуни 2019 година, Билески доби пресуда и од Судот за човекови права во Стразбур, кој утврди серија неправилности и незаконитости кои му ги прекршиле човековите права на судијата кога бил прогласен за соработник на тајната полиција.

Во јануари годинава, Билески почина.

Поднесено обвинение за Милошоски и уште 12 лица во предметот „Моќник“​

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот