17.8 C
Скопје

Во МКЦ: ЗЏМ со целодневна концертна програма

Здружението на џез музичари и слободни уметници на 15 мај во МКЦ ќе го одржи петото издание на манифестацијата „Today it’s all about jazz“, со која во нормални услови се одбележуваше Светскиот ден на џезот – 30 април.

Манифестацијата ќе почне во 14 часот со промоција на музичкото првенче на „ЗЏМ Рекордс“, албумот „Лајв ин Охрид“ на Џијан Емин и „Магичниот оркестар“, а потоа ќе следуваат настапи во живо на џез-бендовите „Апнеа“, Дина Јашари Бенд, Брама Амити Трио, Квартет Пролет, Гордан Спасовски Трио (концертна промоција на албум) и „Пангеа“. Манифестацијата е поддржана од Министерството за култура, Град Скопје, Делегацијата на Европската унија и МКЦ.

Иако првичната идеја беше настанот да се одржи на отворено, на обновеното плато пред МКЦ, поради најавите за врнежи на дожд, концертите ќе се одвиваат во сала „Фросина“, со лимитиран број на публика. Сепак, на платото ќе биде поставен видеобим и аудиоразглас на кој во живо ќе биде емитувана програмата што се одбвива внатре во салата.

Влезот е слободен. Бројот на посетители е намален, носењето маски е задолжително за време на целиот настан.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 80, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 15-16 мај 2021)

Поврзани вести

Младата пијанистка Инес Неделковска беше прогласена за музичар на неделата

Тони Димков

Пијанистката Ана Велиновска ќе настапи на два фестивали во Швајцарија

Тони Димков

„Агро лидер“ објави книга со рурална поезија од српската поетеса Радмила Петровиќ

Тони Димков

„Антолог“ промовираше книга од новинарката Весна Дамчевска

Тони Димков

Објавена е новата книга „Солзите на сестра ми“ од Лилјана Зашова

Тони Димков

Националната галерија реализира амбициозна програма и во тешки времиња

Тони Димков

Остави Коментар