Во Миравци изложени фотографии посветени на фолклорна манифестација „Ѓура Мара”

Организаторите на манифестацијата изјавија дека фотографиите се направени на изминативе изданија на манифестацијата на која главни актери беа членовите на КУД „Танец” од Миравци. Изложбата ќе биде отворена на 3 август.

Во Домот на културата во гевгелиското село Миравци од денеска ќе бидат изложени фотографии посветени на традиционалната културна манифестација „Ѓура Мара”, што финансиски е подржана од Министерството за култура и општина Гевгелија.

Автентичната фолклорна манифестација, која по традиција се одржуваше на третиот ден од Велигден, годинава за прв пат поради пандемијата од коронавирусот беше одложена поради што организаторите беа принудени да ја организираат на сосема поинаков начин од очекувањето на аудиториумот, поточно за време на продолжениот Илинденски викенд, во чест на прославата на Денот на Републиката.

Организаторите на манифестацијата изјавија дека фотографиите се направени на изминативе изданија на манифестацијата на која главни актери беа членовите на КУД „Танец” од Миравци. Изложбата ќе биде отворена на 3 август.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот