Во Минхен маските стануваат задолжителни на јавни места

Луѓе одржуваат дистанца додека чекаат ред за влез во продавница на плоштадот Александерплац во Берлин / Берлин, Германија / Фото: EPA-EFE/OMER MESSINGER

 Поради зголемувањето на бројот на заразени лица, главниот град на сојузната германска покраина Баварија, Минхен, повторно воведува строги епидемиолошки мерки, вклучително и обврска за носење маски на одредени јавни места.

Како што заклучи кризниот штаб на градот Минхен на состанокот одржан денеска, од четврток ќе се воведе забрана за собирање повеќе од пет лица на јавни места и обврска за носење маски на јавни места каде обично се собираат многу луѓе, како што е главниот плоштад – Мариенплац.

Премиерот на Баварија, Маркус Содер сака да воведе обврска за носење маски на јавни места во сите баварски места кои припаѓаат на т.н. жаришта, т.е. места каде што се евидентираат повеќе од 50 новоинфицирани лица на 100.000 жители во период од седум дена.

Во моментов во Баварија, Минхен и Аугсбург спаѓаат во таа категорија. Во споредба со другите германски метрополи, Минхен е град со најбрз раст на новоинфицирани.

Во други градови, како Келн, Хамбург и Берлин, бројот на нови инфекции на 100.000 жители во рок од една недела е многу помал. Во Берлин има 21.

Баварската влада треба да донесе одлука за натамошните мерки во вторник, а се разгледува забрана за алкохол на јавни места и пократко работно време за кафеаните.

Градоначалникот на Минхен, Дитер Рајтер објасни дека ситуацијата во овој град е комплицирана бидејќи се уште не е можно да се дефинираат изворите на ширење на заразата.

Октоберфест требаше да се одржи во Минхен минатиот викенд, но беше откажан поради пандемијата. Октоберфест во променета форма сега се одржува во некои пабови.

Германската канцеларка Ангела Меркел и премиерите на сојузните држави се состануваат следната недела за да разгледаат какви мерки за борба против ширењето на инфекцијата треба да бидат воведени со доаѓањето на есента и зимата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот