Во Милано донесена нова одлука: Домашните миленици ќе можат да бидат погребани покрај својот сопственик
Градскиот совет на Милано, Италија, усвои регулатива со која се дозволува погребување на пепелта на домашните миленици покрај нивните сопственици на гробиштата во Милано.
Регулативата предвидува закопување на домашните миленици врз основа на волјата на нивните сопственици, пренесува „АНСА“.
Регулативата предвидува закопување на домашни миленици како кучиња, мачки, глодари, птици, риби, желки, зајаци, хрчаци и други животни кои се чуваат како домашни миленици.
Но, на надгробните споменици и на семејните гробници е забрането да има натписи кои се однесуваат на домашните миленици, како и да се поставуваат фотографии на кои се прикажани. Поставувањето фотографија на починатиот со домашното милениче, сепак, е дозволено.