Во Мексико забранета продажба на брза храна на деца

Мексиканската држава Оахака забрани продажба на брза храна и слатки пијалаци на деца во обид да се намали широко распространетата дебелина и дијабетесот.

Оахака е прва држава што ја презеде оваа мерка во Мексико, каде има една од највисоките стапки на детска дебелина во светот, јави Би-Би-Си. За прекршување на овој закон е предвидена казна и можно затворање на компанијата, како и затвор.

Овој потег уследи откако бројот на смртни случаи поврзани со Ковид-19 во Мексико достигна 50.000, што го прави трет по големина во светот по САД и Бразил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот