ВО МЕКСИКО: 14 убиени во судир меѓу полицијата и наркокартел

Фото: EPA / Lourdes Cruz

Најмалку 14 лица, меѓу кои и четворица полицајци, загинаа во судир на полицијата со членови на наркобанда во мексиканскиот град Вила Унион.

Полицијата се судри со припадниците на наркобандата на околу 65 километри југозападно од градот Пиедрас Неграс, соопшти Владата на северната држава Коахиља.

Гувернерот на државата, Мигел Рикелме Солис, истакна дека државата остро се спротивставила на картелите и нивните убијци. Тој додаде дека четворица полицајци се убиени, а шестмина се повредени.

Солис рече дека се верува оти напаѓачите се членови на картелот „Североисток” од државата Тамаулипас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот