Во Маврово и на Попова Шапка снежна покривка од 40 сантиметри

Фото: Слободен печат/Зоран Димовски

Во Маврови Анови и Попова Шапка има снежна покривка од 40 сантиметри, а во Крушево од 12. Најмногу дожд изминатите 24 часа наврнал во Крива Паланка 16 литри на метар квадратен. Четиринаесет литри на метар квадратен се измерени во Виница, 11 во Пожар и Попова Шапка, 10 во Пожаране, девет во Маврови Анови, Тетово, Берово и Крушево.

Како што информира изутринава Управата за хидрометеоролошки работи УХМР, на Попова Шапка е измерена температура од -1 степен, 1 во Лазарополе, 2 во Маврови Анови и Куманово, 3 во Крушево, 4 во Скопје-Зајчев Рид, Тетово и Крива Паланка, 5 во Скопје-Петровец и Берово, 6 во Велес, Штип, Прилеп и Битола, 7 во Охрид, Претор, Виница, Кавадарци, Дебар и Струмица, 8 во Гевгелија, 9 во Демир Капија.

Според прогнозата на УХМР, времето денеска ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во источните делови (20 л/м2). На планините врнежите ќе бидат од снег, а на повисоките места од дожд и снег. Попладне почнувајќи од запад облачноста ќе се намали, врнежите ќе престануваат и ќе започне да дува умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне од 5 до 10 степени.

Во Скопје претежно облачно со повремен дожд, особено претпладне. Ќе дува слаб, а попладне умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 8 степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот