Во Масачусетс расипани околу 2.000 вакцини на Модерна поради исклучен фрижидер

epa08945293 A view of a multiple-dose vial containing the COVID-19 vaccine manufactured by the US biotechnology company Moderna, at the Etterbeek-Ixelles site of the Iris Sud Hospitals in Brussels, Belgium, 18 January 2021, before the launch of the vaccination for hospital staff. EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Речиси 2.000 дози од вакцината против коронавирус на „Модерна” се расипаа во болницата во Бостон, Масачусетс, затоа што чистач случајно го исклучил ладилникот во кој се чувале, објави денеска телевизијата Еј-Би-Си, повикувајќи се на претставникот на болницата Кајла Тото.

Инцидентот се случил на 19 јануари. – Фрижидерот беше на безбедно место и опремен со алармен систем. Откриено е дека приклучокот не бил приклучен откако вработен случајно го извадил за време на чистењето, изјави Тото.

Истрагата за инцидентот се спроведува и се проверува зошто не е активиран алармот на ладилникот.

Вакцината на „Модерна” може да се чува на температура од 2 до 8 степени Целзиусови до 30 дена.

Видео на денот