Во Малешевијата два активни случаи со ковид-19

Во Пехчево регистриран уште еден оздравен пациент од КОВИД-19. Согласно новите податоци на Министерството за здравство во моментот во Малешевијата има два активни случаи, од кои еден во Берово и еден во Пехчево.

Како што информираа надлежните, оздравениот пациент е еден од двајцата пациенти, кои пред еден месец се заразија од лице кое престојувало во Пехчево.

-Се очекува оздравување и на второто лице кое истовремено се зарази од коронавирус пред две недели, но за среќа добро го поднесе вирусот. Очекуваме после овие случаи да се стабилизира состојбата во Пехчево, каде од почетокот на пандемијата имаше вкупно 7 случаи на позитивни на КОВИД-19, истакнаа надлежните.

Пред два дена во Берово е регистриран и вкупно 4-от случај од почетокот на пандемијата.

-Во нашата општина досега имаме еден смртен случај и тројца оздравени. Пациентот кој пред два дена беше позитивен на Ковид-19 засега е во добра состојба, информираа од Здравствен дом Берово. Во останатите општини од Пијанечко-малешевскиот регион нема нови случаи на заразени од Ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот