Во Малешевија еден заболен од КОВИД-19 и еден оздравен пациент

Од почетокот на пандемијата Македонска Каменица е единствената од овој крај во државата каде досега нема позитивни пациенти на коронавирус.

 По пауза од две недели во Малешевијата e регистриран нов пациент, кој е позитивен на коронавирус. Пациентот е од Пехчево и е вкупно шестиот позитивен на КОВИД-19 во оваа општина, каде во моментот има три активни случаи. Надлежните информираат дека пациентите се во добра состојба.
-Двајцата сопружници кои до денеска веќе 8 ден се во самоизолација и понатаму се во добра здравствена состојба. На новиот пациент исто така му посакуваме побрзо оздравување, велат од пехчевскиот здравствен дом.
Тројцата пациенти остануваат единствените случаи во Малешевскиот регион, откако денес и официјално беше соопштено дека пациентот од Берово кој беше позитивен на КОВИД-19, денес е регистриран како оздравен.
-И понатаму апелираме на почитување на мерките за заштита од коронавирус. Како надлежни ќе продолжиме да правиме се да нема нови случаи на заразата, истакнаа од општина Берово.
Во соседната општина Делчево во моментот нема пациенти кај кои е забележано присуство на вирусот Ковид-19, додека од почетокот на пандемијата Македонска Каменица е единствената од овој крај во државата каде досега нема позитивни пациенти на коронавирус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот