Во Македонска Каменица повеќе од седум дена нема нови случаи на коронавирус

Македонска Каменица/Фото: Општина Македонска Каменица

Првиот случај на коронавирус во Македонска Каменица се појави на 24 -ти минатиот месец кај странски државјавин кој престојува во градот и е со работно место во оваа општина.

И по една недела нема нови случаи на позитивни пациенти од Ковид-19 во Македонска Каменица. Четворицата пациенти кои минатиот понеделник беа регистрирани како позитивни на коронавирус според информациите на надлежните од здравствената станица во градот се со добар здравствен билтен.

– Пациентите се без посериозни симптоми и во добра општа здрсвствена состојба. Надлежните продолжуваат со спроведување на мерките за заштита од вирусот, така што се надеваме дека ќе остане само на првичните четири случаи во Македонска Каменица, велат од здравствената станица во градот.

Првиот случај на коронавирус во Македонска Каменица се појави на 24 -ти минатиот месец кај странски државјавин кој престојува во градот и е со работно место во оваа општина.

Од неговите контакти произлегоа уште три нови позитивни случаи, а по направените тестирања на новите контакти, бројот на позитивни пациенти во рударското гратче се задржа на четири пациенти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот