Во Македонска Каменица одбележаи 19 години од загинувањето на војникот Миле Јаневски – Џингар, кај Вејце

Македонска Каменица денеска ја одбележа 19-годишнината од смртта на војникот Миле Јаневски – Џингар, кој го загуби животот кај тетовското село Вејце, во време на воениот конфликт во 2001 година.

Покрај членовите на фамилијата Јаневски, пред неговите споменици пред истоименото училиште и во центарот на градот се поклонија и положија свежо цвеќе градоначалничката на општина Македонска Каменица Соња Стаменкова, делегација на Министерството за одбрана, претставници на јавните установи и институции во градот, како и директорот на истоимениот средношколски центар
Изразувајќи почит кон Јаневски, кој го даде животот за татковината од општината истакнаа дека поради мерките за заштита од коронавирусот одбележувањето помина без вообичаените настани кои се организираат во негова чест.
-Иако скромно му оддаваме почит на херојот, тоа не значи дека неговото херојско дело и име е заборавено. Од овде ја упатуваме пораката дека споменот кон чинителите вградени во создавањето и градењето на темелите на нашата татковина, никогаш нема да дозволиме да избледи, беше истакнато во обраќањето во чест на Јаневски пред неговиот споменик.
Од останатите активности кои се реализираа во чест на херојот се одржа он-лајн презентацијата со ликовни и литературни творби на учениците, додека во негова чест неговите сограѓани Ана Михаиловска и Горан Бразда подготвија рецитал „За Херојот на Каменица”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот