Во мај забележан пад на бројот на туристи- Слободен печат
ВестиЕкономија

Во мај забележан пад на бројот на туристи

Бројот на туристите во мај 2019 година, во однос на мај 2018 година, е намален за 4.8 %, а бројот на ноќевањата е намален за 2.8 %.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во мај 2019 година изнесува 98.998, а бројот на ноќевањата изнесува 205.356.

Бројот на туристите во мај 2019 година, во однос на мај 2018 година, е намален за 4.8 %, а бројот на ноќевањата е намален за 2.8 %.

Бројот на домашните туристи во мај 2019 година, во однос на мај 2018 година, е намален за 4.1 %, а бројот на странските туристи е намален за 5.2 %.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во мај 2019 година, во однос на мај 2018 година, е намален за 11.7 %, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 2.1 %.

Во периодот јануари – мај 2019 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 0.1 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 2.6 %, а кај странските има намалување за 1.0 %.

Во периодот јануари – мај 2019 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е намален за 0.3 %, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 0.4 %, а кај странските има намалување за 0.2 %.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close