Во мај 63,5 проценти од потрошената струја од домашни извори

Претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски изјави дека драстично се намалени и приходите на државните енергетски компании во однос на изминатите години по основ на продадена струја на надворешните пазари бидејќи најголем дел ја користеле домаќинствата поради корона кризата.

Во мај годинава во земјава вкупно биле потрошени 524 980 мегават часови електрична енергија, 3.505 милијарди нормални метри кубни природен гас, 363 229 тони јаглен и 79 336 тони нафтени продукти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Од потрошената електрична енергија, 63,5 отсто е од домашно производство, а 96,1 процент од потрошениот јаглен е употребен за производство на струја.

Инаку за идната недела е најавена одлука за евентуална корекција на цената на електричната енергија.

Претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски изјави дека драстично се намалени и приходите на државните енергетски компании во однос на изминатите години по основ на продадена струја на надворешните пазари бидејќи најголем дел ја користеле домаќинствата поради корона кризата.

–  Тоа е од причина што нема продажба на Електрани на Северна Македонија на вишокот на електрична енергија. Ако минатата година тие изнесуваа 22 милиони евра, сега имаат само една продажба која изнесува пет милиони евра што прави сериозен притисок врз нормалното функционирање на ЕСМ. Исто така и дополнителните приходи што ги остваруваше МЕПСО од прекуграничните преносни капацитети кои во 2019 година изнесуваа околу 22 милиони евра, оваа година изнесуваат само околу 11 милиони евра. Заради намалената потрошувачка во регионот, овие приходи и во ЕСМ и во МЕПСО за жал, ги немаме во овој период, рече Бислимоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот