Во Мадрид вечера првпат од почетокот на пандемијата не почина никој

epa08501909 People get their safety locks checked at Parque Warner amusement park during its reopening in Madrid, Spain, 22 June 2020. The park reopens after the end of the state of emergency declared by central government last March due to COVID-19 outbreak. EPA-EFE/Javier Lopez

Според последните податоци, во Шпанија има вкупно 248.000 заразени, а умреа 28.300.

Власите во Мадрид соопштија денеска дека во последните 24 часа не е забележан ниту еден смртен случај како последици од ковид-19, првпат од почетокот на пандемијата која влијае и на регионалните избори во Шпанија.

„Одлични вести – вчера беше прв ден во Мадрид да нема ниту еден смртен случај“, објави на Твитер регионалната лидерка Изабел Диаз Ајусо додавајќи дека соработката ќе осигури „ноќниот кошмар да не се повтори“.

Со 72.000 забележани случаи на коронавирус и 8.400 смртни, Мадрид е најлошо погоден дел во Шпанија. Втора е Каталонија каде 61.000 луѓе се заразени, а 5.600 починаа.

Во Шпанија починаа 28.300 луѓе од коронавирусот

Според последните податоци, во Шпанија има вкупно 248.000 заразени, а умреа 28.300.

Пандемијата од коронавирус влијае и на кампањата за регионални избори во Шпанија па премиерот Педро Санчез на денешниот собир во Сан Себастијан носеше маска и одбегнуваше ракување со приврзаниците.

Изборите во регионите Баскија и Галиција предвидени се на 12 јули и ќе бидат први откако Шпанија прогласи карантин во март годинава. Рестриктивните мерки се ублажени на 21 јуни.

„Непријателот на Шпанија не е вирусот“, рече Санчез во салата во Сан Себастијан, обраќајќи се на ограничен број од стотина приврзаници на својата Социјалистичка партија, кои носеа заштитни маски и седеа на препорачанта меѓусебна дистанца од еден и пол метар, наведува Ројтерс.

Заради спречување на гужвите на избирачките места, гласањето ќе биде можно и преку пошта и во поштите, наведува агенцијата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот