Во Мадрид му симнуваат капа на тренерот на Барселона

epa08910095 FC Barcelona's head coach Ronald Koeman (C) looks on while referee Alberola Rojas (R) checks a penalty during the Primera Division LaLiga match held between FC Barcelona and Eibar at the Camp Nou in Barcelona, Spain, 29 December 2020. EPA-EFE/Alejandro Garcia

Благодарение на Холанѓанецот, трите засилувања за кои Барселона фрли 300 милиони евра, конечно прикажуваат игри какви што се очекува од нив.

Барселона во 2021 година игра фантастично иако загуби во финалето на шпанскиот Супер куп, одигра 10 натпревари и победи на дури девет во сите натпреварувања.
Мадридскиот весник „Марка“ денеска му посвети текст на тренерот на Барселона, Роналд Куман, на кого му симнува капа поради тоа што успеа да „оживее“ 300 милиони евра вредни засилувања, односно ги препороди Френки де Јонг, Осман Дембеле и Антоан Гризман.
За овие тројца фудбалери, Барселона плати нешто повеќе од 300 милиони евра, но дури сега почнаа да играат според очекувањата.

Куман дојде на клупата на Барселона во најтешките моменти, по срамниот пораз од Баен Минхен и загубата на титулата во Ла Лига, а згора на тоа во клубот владееше хаос и поради барањето на првата ѕвезда Лионел Меси да си замине. Згора на тоа, од клубот си заминаа и Луис Суарез, Артур, Арутро Видал, а не беа донесени желбите на Куман како Џорџино Вајналдум, Ерик Гарсија или Мемфис Депај.
Но, Куман успеа да го направи тоа што минатата сезона не им успеа на двајцата тренери, Ернесто Валверде и Кике Сетиен, да ги „оживее“ скапо платените фудбалери.

Антоан Гризман/EPA-EFE/David Aguilar

Антоан Гризман сезоната ја започна многу лошо, дури беше седнат и на клупата за резервни играчи, но по повредата на Ансу Фати се сменија работите. Во 2021 година, Гризман е најдобриот играч на Барселона заедно со Меси, постигнувајќи шест гола и има исто толку асистенции.

Френки де Јонг/EPA-EFE/RAUL CARO

Френки де Јонг, под палката на Куман конечно покажува зашто се смета за еден од најдобрите играчи од средниот ред, активен е и во нападот и во одбраната, а оваа сезона постигнува и голови. Куман му ја пронајде вистинската позиија, но и идеален партнер во средниот ред во Педри со кого одлично функционира. Холандскиот репрезентативец оваа сезона постигна шест гола и има четири асистенции досега.

Осман Дембеле/EPA-EFE/Alejandro Garcia

Марка“ најголемите пофалби за Куман ги има за тоа како го трансформираше Осман Дембеле. По трите претходни сезони исполнети со бројни повреди, Дембеле под палката на тренерскиот тим на Куман започна сериозно да аботи на својата физичка подготвеност и со тоа ги „снема“ повредите. Дембеле сезонава на Барселона и носи ширина во играта, брзина, одличен е во играта еден на еден, а засега единствена замерка е послабата реализација во завршницата. Французинот одигра 11 натпревари по ред за Барселона, што досега не му се случило од 2017 година кога пристигна на „Камп Ноу“.
„Марка“ му честита на Куман тоа што досега успева да го извлече максимумот од екипата, а со тоа дојдоа и резултатите, Барселона е четврта на табелата со 40 бода, три помалку второпласираната Севиља од која има и натпревар помалку, но има и десет бода помалку од лидерот Атлетико Мадрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот