Во Луксембург тестирање за Ковид-19 на целото население во државата

фото: Pixabay.com

Во Луксембург има 3.792 регистрирани случаи на заразени и 88 починати. 

Луксембург почнува тестови за коронавирус со кои сака да го опфати целото население, мерка што ќе оди заедно со рестриктивните ограничувања, рече денеска министерот за истражување, Клод Меиш. Тестовите ќе бидат доброволни и ќе можат да се тестираат и оние што живеат преку границата во Германија, Франција и Белгија кои доаѓаат да работат во Луксембург.

Околу 8.500 ученици и наставници ќе бидат тестирани пред да се отворат училиштата на 4 мај. – Може да се прават најмалку 20.000 тестови секој ден, рече министерот.

– Наша цел е да го тестираме целото население, некои и повеќепати,  истакна Меиш, додавајќи дека може да се направи во релативно краток период, благодарение на фактот дека земјата е мала. Во Луксембург има 3.792 регистрирани случаи на заразени и 88 починати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот