Во Луксембург ќе се одржи меѓувладина конференција ЕУ-Србија

 Во Луксембург денеска ќе се одржи меѓувладина конференција ЕУ-Србија, на која нема да бидат отворени нови поглавја од преговорите. Нова методологија за преговорите за членство на Србија со ЕУ се очекува да биде официјално претставена на меѓувладината конференција.

Според новата методологија усвоена од Советот на ЕУ кон средината на мај, поглавјата за преговори се тематски групирани во шест таканаречени кластери.

На меѓувладината конференција, што ќе се одржи на вториот ден од сесијата на министрите за надворешни работи на ЕУ во Луксембург, нема да се отвори ниту едно поглавје или кластер, бидејќи неколку членки на ЕУ не се согласија со тоа, наведувајќи дека Србија не постигнала доволно напредок, особено во областа на владеење на правото, јави Бета.

Иако нема да има отворање на поглавја, денешната меѓувладина конференција е компромисно решение, како знак на поддршка за Белград да продолжи со реформите што треба да доведат до отворање на кластерот на следната таква средба

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот