Во Љуботен запленета огромна количина на тутун: Бил увезуван од сите соседни земји

Откуп на тутун/Фото: Скриншот

Во селото Љуботен била одземена поголема количина од 12 тони тутун по спроведената акција во селото.

Нема уапсени лица, бидејќи истрагата не е против физички лица, туку таргет се четири правни лица кои нелегално го увезувале тутунот.

Директорот на Финансиската полиција, Арафат Муареми, вели дека за две години, буџетот на државата е оштетен за над 7,5 милиони евра бидејќи не бил плаќан данок за стоката.

Муареми рече дека од Љуботен биле одземени и машини со кои тутунот се преработувал.

– Во текот на 2018 и 2019 година дејствувале повеќе правни субјекти кои вршеле увоз на тутун од соседните земји Албанија, Србија, Грција и Бугарија, а потоа истиот, на црно се дистрибуирал и продавал на повеќе физички лица. Од наша страна постоеше сомневање дека физичките лица нелегално поседуваат машини со кои тутунот го преработувале, а потоа тој се продавал без акцизна бандерола на црниот пазар. Продажбата не се евидентирала никаде, а производителите и продавачите не плаќале данок. Тутунот бил наменет за пушење. Во 2018 година, буџетот бил оштетен за 5,5 милиони евра, а во 2019 година за над 1,8 милиони евра – рече директорот на Финансиската полиција.

Директорот на Царинската управа, Ѓоко Танасоски вели дека институциите работат за да се сузбие нелегалната продажба на режаниот тутун кој се продава на пазарите.

Според него, при неговото производство се користат пестициди кои штетат на здравјето, а поради несоодвтениот начин на чување има и мувла, која што понатаму доведува до појава на рак.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот