Во Љубљана демонстрации против владата на Јанша

 Неколку илјади луѓе демонстрираа вчера во Љубљана против владата на десничарскиот премиер Јанез Јанша, кого го обвинуваат за ограничување на демократските слободи.

Тоа е прв голем протест во Љубљана во последните неколку месеци и се одржа и покрај мерките против епидемијата на коронавирус. Организаторите рекоа дека се борат „за слобода, демократија и владеење на правото”.

Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше „Луѓето имаат моќ” и „Младите се загрижени”.

мирниот протест се одржа на Денот на отпорот на Словенија, што означува почеток на партизанската борба против нацистите и италијанските фашисти во Втората светска војна.

Јанша, кој дојде на власт минатата година, се соочува со обвиненија за поттикнување говор на омраза и притисок врз медиумите.

Видео на денот