Во Лондон почна најголемата битка за старателство: Пребегнатата принцеза Хаја повторно на суд стигна сама
Со месеци со нетрпение се очекуваше судењето кое започна на Високиот суд во Лондон. Таму, заедно со адвокатката Фиона Шаклтон и двајца телохранители, стигна принцезата Хаја, која побегна од Дубаи, од нејзиниот сопруг Шеикот Мухамед Ал Мактум со нивните две деца, за чие старателство сега се бори.
Принцезата Хаја (45) побегнала од Дубаи од својот сопруг поради страв за својот живот и за животот на своите деца, а следната недела судијата треба да донесе одлука која ќе влијае на животите на принцезата и на нејзините две деца. Иако на судот требаше да се појави и шеикот, тој овојпат го избегна доаѓањето.
Судот на медиумите им забранил во текстовите да пишуваат за имињата и за возраста на децата, а не смеат да се знаат ни идентитетите на сведоците. Принцезата Хаја побарала од британскиот суд никакви поголеми одлуки за судбината на нејзините деца да не можат да се донесат без одобрување од семејниот суд.