Во Лондон почна најголемата битка за старателство: Пребегнатата принцеза Хаја повторно на суд стигна сама – Слободен печат
ЖенаМагазин

Во Лондон почна најголемата битка за старателство: Пребегнатата принцеза Хаја повторно на суд стигна сама

Принцезата Хаја побегна од Дубаи од својот сопруг поради страв за својот живот и за животот на своите деца.

Со месеци со нетрпение се очекуваше судењето кое започна на Високиот суд во Лондон. Таму, заедно со адвокатката Фиона Шаклтон и двајца телохранители, стигна принцезата Хаја, која побегна од Дубаи, од нејзиниот сопруг Шеикот Мухамед Ал Мактум со нивните две деца, за чие старателство сега се бори.

Profimedia

Принцезата Хаја (45) побегнала од Дубаи од својот сопруг поради страв за својот живот и за животот на своите деца, а следната недела судијата треба да донесе одлука која ќе влијае на животите на принцезата и на нејзините две деца. Иако на судот требаше да се појави и шеикот, тој овојпат го избегна доаѓањето.

Судот на медиумите им забранил во текстовите да пишуваат за имињата и за возраста на децата, а не смеат да се знаат ни идентитетите на сведоците. Принцезата Хаја побарала од британскиот суд никакви поголеми одлуки за судбината на нејзините деца да не можат да се донесат без одобрување од семејниот суд.

Profimedia

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close