Во Лондон најмногу консументи на КОКАИН

Во последните неколку години цената на грам кокаин во Лондон чини околу 40 фунти, а чистотата на дрогата се зголемувала на 30% и 40%, за разлика од пред десетина години кога тој процент се движел од 3% до 5%.

Од петнаесет градови во кои се консумира најмногу кокаин по глава на жител, дури пет се во Швајцарија – Цирих, Сен Гален, Женева, Базел и Берн.

Анализата на потрошувачка на кокаин по глава на жител покажала дека најмногу ваква дрога се користи во Бристол, па потоа во Амстердам и Лондон. Ако се следи вкупната просечна „потрошувачка“, најмногу кокаин се троши во Лондон што е и очекувано со оглед на тоа што британската престолнина има над осум милиони жители.

Се проценува дека дневно во Лондон се троши кокаин вреден 2,75 милиони фунти, а годишно се трошат осум тони, односно вртоглави милијарда фунти. По вкупната дневна потрошувачк, после Лондон следува Барселона со 12,74 килограми, Амстердам и Берлин со по 4,62 килограми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот