Во Лондон е прекината корона забава на брод, а во Германија 200 луѓе се забавувале во шума

Британската полиција прекина забава на брод во западните предградија на Лондон и повеќе од 70 лица би можеле да бидат казнети за кршење на мерките, додека во Германија е откриена нелегална забава на отворено со околу 200 гости.

Велика Британија се обидува да го заузди возобновувањето на бројот на случаи за кои делумно се одговорни новите, позаразни видови на вирусот. Во земјата се воведени мерки за затворање и забрането е дружење во големи групи. Властите се загрижени дека премногу луѓе ги кршат правилата, предизвикувајќи вирусот да продолжи да се шири.

Полицијата соопшти дека синоќа растерале забава на закотвен брод и дека 72 лица може да бидат казнети со 800 фунти. Организаторот се соочува со парична казна од 10.000 фунти.

Но, и германската полиција ги има истите проблеми. Таа, пак, прекина нелегална забава со околу 200 гости во сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија.

Забава на отворено на поранешната станица за лансирање ракети Билигер Валд организираше 23-годишно момче. Полицијата добила дојава дека се слуша гласна музика.

Бројни гости побегнале од шумата, а полицијата најави значителни казни. Големите собири се спротивставуваат на мерките што во моментот се применуваат во областа.

Извор: Индекс.хр

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот