Во Лисиче воздухот веќе е отровен, вечерва загадено и во повеќето македонски градови
Мерните станици за квалитетот на воздухот ширум земјава вечерва покажуваат концентрации на честички во воздухот кои се и по неколкупати повисока од максимално дозволените.
Најзагадени вечерва се делови од Скопје (во Лисиче е измерена најголема загаденост од 197 микрограми ПМ10 честички на метар кубен), а таму има и голема концентрација на честичките ПМ2.5 (118 микрограми на метар кубен, што е речиси петпати повеќе од максимално дозволената вредност).
Меѓу македонските градови со најзагаден воздух се: Гостивар, Кичево, Струмица, Тетово, Велес, Кавадарци…
Падот на температурите, маглата која почна да се појавува во котлините и почетокот на грејната сезона најавуваат уште една зима во која Македонија ќе се „гуши“ во загаден воздух.