Во Либија е хаос, го бомбардираа аеродромот, нема странски новинари, што е лошо…

EPA/ANDY RAIN

Жељко Павличевиќ, 68-годишниот кошаркарски тренер, кој со Цибона и со Југопластика Сплит беше европски првак во 1986, односно 1991 година, стравува за сопствениот живот бидејќи се наоѓа во Либија во која повторно беснее граѓанска војна.

Тој пред два месеци стана тренер на екипата од Триполи, Ал Итихад, со почетокот на новата граѓанската војна во Либија се обидува да ја напушти земјата.

– Триполи е под опсада, се водат борби околу градот и тоа го слушаме многу добро, гледаме и воени авиони. Не гледам премногу странски новинари што можеби и не е добар знак. Се надевав дека ќе можам да ја напуштам Либија со авион, но во понеделникот го бомбардираа аеродромот. Ќе се обидам со автомобил да одам во Тунис – изјави Павличевиќ.

Странските кошаркари кои настапуваа за Ал Итихад веќе ја напуштија земјата, како и неговиот помошник Лука Бујас, кој се врати во Хрватска. Жељко Павличевиќ во богата тренерска кариера ги предводеше Цибона, Југопластика, Ферол, Тау Виторија, Солит, Панатинаикос и Загреб, а четири години беше и селектор на Јапонија.
Силите под команда на генералот Калифа Хафтар од Источна Либија, ја преземаа контролата над главните нафтени полиња и започнаа нова офанзива со цел освојување на главниот град Триполи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот