Во Куманово заедно ќе кампуваат и сликаат уметници од целиот свет- Слободен печат
ВестиКултура

Во Куманово заедно ќе кампуваат и сликаат уметници од целиот свет

Околу 30 сликари од земјата, но и од Албанија, Косово, Турција, Србија, Бугарија ќе сликаат заедно.

Од утре, па се до 28 јуни, во планината на село Слупчане, кумановско, во стилот на кампување ќе се одржи првото издание на уметничката колонија „ART CAMP“, јавува „Порталб“.

Околу 30 сликари од земјата, но и од Албанија, Косово, Турција, Србија, Бугарија ќе сликаат заедно.

Во таквиот амбиент ќе има и спортски игри, музика и други активности. На местото каде што ќе биде кампувањето на 29 јуни (сабота), ќе се одржи и изложба.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close