Во Куманово наврнало најмногу дожд – 52 литри на метар квадратен
Според Управата за хидро метеоролошки работи (УХМР) до 8 часот утринава во Куманово наврна 52 л/м2 дожд, потоа следуваат 26 Битола, 16 Виница, Попова Шапка, 13 Велес, 11 Демир Капија, Крива Паланка, 10 Берово, Скопје – Зајчев Рид, 9 Гевгелија, Штип, 8 Тетово, Кавадарци, 7 Крушево, 6 Претор, 3 Прилеп, Струмица, Маврови Анови, 2 Охрид, Лазарополе, 1 Дебар.
Минималните температури изнесувале: 7 Попова Шапка, 9 Лазарополе, 10 Маврови Анови, Крушево, 12 Претор, 13 Охрид,
14 Дебар, Крива Паланка, Битола, Прилеп, Виница, 15 Штип, Скопје – Зајчев Рид Тетово, 16 Куманово, Велес, Кавадарци, Скопје-Петровец, Демир Капија, 17 Струмица, 18 Гевгелија.
Времето денеска ќе биде променливо облачно претпладне со повремени врнежи од дожд и со локална појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне од 18 до 26 степени.