Во Куманово, Липково и Старо Нагоричане во изолација 774, а во самоизолација 94 лица

Куманово/ Фото: МИА

На подрачјето на општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане во изолација се 774 лица соопшти денеска МВР.

Во Куманово, во изолација се регистрирани 712 лица, следува општина Липково каде има 41 и најмалку 21 лице во општина Старо Нагоричане. Моментално во Куманово и Старо Нагоричане 69 лица се наоѓаат во самоизолација и 25 во општина Липково.

– На подрачјето на СВР Куманово се регистрирани шест лица кои не го почитувале решението за изолација и девет лица кои не го почитувале решението за самоизолација и против нив се поднесени соодветни пријави, посочија од МВР.

Полициски службеници од СВР Куманово редовно преземаат мерки за контрола на лицата кои се наоѓаат во изолација и самоизолација, посочуваат од полицијата.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот