Македонски и бугарски сликари изложуваат „Без дистанца” во Куманово

Меѓународната изложба на уметнички дела со наслов „Без дистанца” на македонски и бугарски академски ликовни уметници, ќе биде отворена вечер во 19 часот во изложбениот салон на Национална установа Центар за култура „Трајко Прокопиев” – Куманово.

Како што информираа денеска од Центарот, изложени ќе бидат 40 дела од по десет македонски и исто толки бугарски академски ликовни уметници. Изложбата е заеднички проект што се спроведува помеѓу Национална установа Центар за култура, „Трајко Прокопиев” – Куманово и Уметничка Галерија – Русе од Република Бугарија.

Ги покануваме кумановци да дојдат на изложбатa и да ги погледнат сликите. Навистина има одлични дела, сликани од македонски и бугарски автори. Сигурен сум дека публиката ќе ужива во оваа изложба. Ова е прва соработка со Националната галерија од Русе, инаку соработуваме со некои театри од Република Бугарија, изјави директорот на Центарот за култура Куманово, Сашо Тодоровски.

Изложбата веќе беше презентирана пред јавноста во Уметничка Галерија – Русе, точно пред еден месец.

На изложбата учествуваат академските ликовни уметници: Жаклина Глигориевска – Кочоска, Зоран Арсовски – Бабата, Иво Пецов, Марија Величковска, Марија Трпеска, Марјан Sингаров, Петра Јовановска, Симона Јакимовска, Трајче Блажевски, Фехим Хусковиќ, Валентин Георгиев, Виргинија Пенчева, Вјара Гунева, Георги Пасев, Гошо Георгиев, Златка Стојкова, Ива Станева, Ирена Парашкевова, Красимира Кирилова, Тања Пасева.

Изложбата во Куманово ќе биде поставена до 7 декември годинава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот