Во Куманово единаесет новозаболени со Ковид – 19

Центарот за јавно здравје Куманово во последниве 24 часа евидентира 11 нововозаболени лица од Ковид 19, сите од Куманово, соопштија, денеска надлежните од јавната здравствена установа. Министерството за здравство соопшти дека починала 61 – годишна пациентка во болнички услови.

– Новозаболените потекнуваат од познати кластери, изјави директорот на Центарот, д-р Ариф Љатифи.

Денеска се изврешни 20 тестирања од кои 16 по „Мој Термин” и четири тестирања, извршени согласно епидемиолошки индикации.

Од почетокот на пандемијата во кумановско-липковскиот регион, ковид дијагностицирани се 1.533, а во моментов активни се 287 случаи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот