Во Куманово четири медицински сестри заразени со коронавирусот

Последниве 24 часа во Куманово има четири медицински сестри позитивни на коронавирус, а во изминативе денови биле регистрирани уште два случаја, потврдија денеска надлежните од кумановската болница и од Центарот за јавно здравје.

Вкупно шест медицински сестри од кумановската болница се позитивни на коронавирус, потврди денеска директорката на болницата Снежана Захариева. Таа потенцираше дека e извршена реорганизација, и е изолиран медицинскиот персонал кои биле во контакт со колегите. Во понеделникот биле извршени тестови на 71 здравствен работник во кумановската болница. Во болницата од почетокот на ширењето на коронавирусот беа заболени 18 здравствени работници.
Директорот на Центарот за јавно здравје Куманово, Ариф Љатифи потврди дека последниве 24 часа има четири здравствени работници, чии тестови биле позитивни на коронавирусот, вчера и завчера биле евидентирани по еден здравствен работник кои се позитивни на коронавирус.
Министерството за здравство информираше дека во Куманово има 13 нови случаи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот