Во куќарка за куче криел цел арсенал

Педесет и седумгодишен хрватски државјанин е уапсен откако полицијата го осомничила за недозволено држење, производство и набавка на оружје и распрскувачки материи.

Во петокот, на 19 март, во градот Нашице, полициски службеници извршиле претрес во семејната куќа и другите простории што ги користел 57-годишникот.

При претрес во дворот на осомничениот биле пронајдени поголемо количество оружје и распрскувачки материи во куќата за кучиња и тоа две антимагнетни мини, две рачни гранати, 10 капсули електродетонатор, 16 капсули детонатор, пет метри универзален стап со бавно горење, автоматска пушка АК-47, додатоци за тромбони за автоматски пушки и 1.000 парчиња муниција за разни пушки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот