Во куќа во престижен кварт во Париз пронајден труп, таму лежел 30 години

Фото: Screenshot/Google Street View

„Сите бевме потресени кога дознавме дека таму стоело толку долго, без некој да знае нешто за тоа“, рече Сабине Лебретон, потпретседателка на локално здружение кое се занимава со заштита на зградата.

Рестраврацијата на напуштена резиденција во еден од најпрестижните квартови во Париз е прекината зошто во подрумот е пронајдено распадната тело, кое таму се наоѓало 30 години, објави Гардијан.

Огромното здание во улицата Одино во центарот на Париз, неколку минути од службената резиденција на премиерот и поранешниот дом на Ив Сен Лорен било празно повеќе од 30 години. Во него некогаш живеел поетот и драматург Франсоа Копе, а некогашната прекрасна градина од средината на осумдесеттите е напуштена и до денеска целосно обрасната.

Престижната зграда конечно овој јануари го продаде дискретна холандска компанија на аукција која траела едвај 15 минути. За 35,1 милиони евра ја купи Жан- Бернар Лафон, некогашен директор на инвестициската компанија Вендел, кој денеска води свој бизнис.

Големите зафати на зградата која е посегно заштитена, започнаа во февруари. Но тогаш работниците пронајдоа распаднато тело во продрумот под куп даски, а за нивното откритие јавноста дозна дури неодамна.

„Сите бевме потресени кога дознавме дека таму стоело толку долго, без некој да знае нешто за тоа“, рече Сабине Лебретон, потпретседателка на локално здружение кое се занимава со заштита на зградата.

Полицијата по пронаоѓањето на остатоците од телото покрена истрага и дојде до сознание дека станува збор за бездомник алкохоличар кој се викал Жан – Пјер Рено.

„Можеме да претпоставивме дека се истепал со некој кој исто така живеел на работ на општеството. Не е јасно дали умрел во зградата или таму е донесен и веројатно никогаш нема да дознаеме кој го убил. Многу е веројатно дека и самиот убиец денеска е мртов“, рекоа извори од полицијата.

Децата на Рено се пронајдени и известени за смртта на таткото, а новиот сопственик Лафон одби да ги коментира настаните.

Се очекува работите на зградата да почнат после летото.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот