Во Кучково изгоре „Мерцедес“ на ирански државјанин, со српски таблички

Фото: Протипожарно возило/илустрација

Вчеравечер во скопското село Кучково се случил пожар во автомобил „Мерцедес“, сопственост на ирански државјанин, информира МВР.

„На 16.05.2022 во 19.07 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Кучково, скопско, настанал пожар во патничко моторно возило „мерцедес” со српска национална ознака, сопственост на А.С.М.Р.(54) од Иран“, се вели во полициското соопштение.

Екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот, а повредени лица нема. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот