Во Крушево почнуваат чествувањата за Илинден и за 117-годишнината од Илинденското востание

Вечер е импровизираниот напад на градот и испукувањето од крушевското топче во чест на Илинден и 117-годишнината од Илинденското востание.

Крушево денеска на Гумење ги почнува чествувањата за Големиот Илинден и за 117-годишнината од Илинденското востание.

Од 19 часот на Гумење е свеченото кревање на знамето на Крушевската Република, а потоа пред Македониумот е обраќањето за почетокот на чествувањата на градоначалникот на Крушево и претседател на Научно – културните средби „10 дена Крушевска Република”, Томе Христоски.

Во чест на големиот Илинден ќе им се оддаде почит и ќе се посетат спомен обележјата на Питу Гули на Гумење каде е неговото вечно почивалиште, на Партизанските гробишта на Гумење, на гробот на Тоше Проески, во криптата на комплексот Илинден и на спомен обележјето на Веле Марков.

Вечер е импровизираниот напад на градот и испукувањето од крушевското топче во чест на Илинден и 117-годишнината од Илинденското востание.

Утре на 2 август – Илинден, главното чествување е на Мечкин камен, а претходно почит ќе им биде оддадена на претседателот на Крушевската Република – Никола Карев пред неговиот гроб во Македониумот, на загинатите на месноста Слива во крвавата битка за одбрана на населението во Крушево и на споменикот на Илинденците на Мечкин Камен каде е централното чествување.

Годинава домаќини на чествувањето се Крушево и Собранието на Република Северна Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот