Во Крушево по третпат „ФИС Ролер ски куп Тоше Проески“

facebook.com/TomeHristoskiKrusevo

– АМС заеднички со СФМ за многу краток период успеаја да го издигнат ,,ФИС Ролер ски куп Тоше Проески” на ниво со останатите меѓународни манифестации во регионот. Потврда за тоа е што од година во година имаме се повеќе пријавени натпреварувачи и учесници, со што и оваа година ќе гледаме интересни и квалитетни трки на патеките во Крушево – директорот на АМС, Дарко Каевски на денешната прес-конференција.

Досега учеството покрај нашата репрезентација го потврдија уште и Босна и Херцеговина, Грција и Србија.

Овие натпревари се бодуваат исто како и зимските натпревари, така што сите учесници добиваат бодови за крајната ФИС листа и влегуваат во оние квалификациски натпревари за бодување и пласман на зимските олимписки игри.

Натпреварите ќе се одвиваат во неколку дисциплини:
(петок 23 август) спринт на 1,2 км. во машка и женска конкуренција
(сабота 24 август) 12 км. машка и 6 км. женска конкуренција
(недела 25 август) 10 км. машка и 5 км. жени.

За прв пат на купот ќе бидат организирани и детски натпревари во категорија до 12 и до 14 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот