Во Кривичен суд ќе бидат објавени пресуди за уште тројца обвинети во случајот „Двојник“

Во Кривичен суд денес ќе бидат објавени пресудите за тројцата обвинети Фарук Бути, Весна Колевска и Бранислава Мишиќ за кои обвинителката Спасенка Андонова, во вторникот побара да бидат казнети.

Досега од обвинетите кои признаа вина, шестмина добија затворски казни од 1 година и 7 месеци до 2 години и 7 месеци, а еден условна. Во овој случај беа обвинети вкупно 11 лица, од кои 10 вработени во мвр и еден посредник. Седум од нив признаа вина.

Обвинителката Андонова, во обвинителниот предлог наведува дека обвинетите при злоупотреба на нивната положба прибавиле материјална корист. Одбраната овој дел од обвинението го спори со фактот дека не е наведен видот на материјална корист, со кој според обвинението е прибавена материјалната корист од издавањето на нелегални македонски пасоши.

Според ОЈО Скопје, пасошите се издавале во периодот од јуни 2017 до крајот на 2020 година. Биле издадени пасоши на 214 странски државјани и на еден македонски државјанин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот