Во Кривичен одбраната ќе изведува докази за настаните од 27 април

Поранешните државни функционери од времето на ВМРО-ДПМНЕ, кои се товарат за организирање на „крвавиот четврток”, кажаа дека го сметаат обвинението против нив за политички прогон.

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за организаторите на настаните од 27 април во Собранието.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и на денешното рочиште одбраната треба да почне со изведување на докази.

Судскиот процес го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

На првото рочиште за организаторите на насилствата во Собранието одржано на 26 февруари, обвинетите Трајко Велјановски, Спиро Ристовски, Миле Јанакиевски и Владимир Атанасовски, се изјаснија дека не се виновни за кривичното дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедност”. Поранешните државни функционери од времето на ВМРО-ДПМНЕ, кои се товарат за организирање на „крвавиот четврток”, кажаа дека го сметаат обвинението против нив за политички прогон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот