Во кревет се тотално промашување? Сите илузии за „најжешките“ мажи во шоубизнисот паѓаат во вода

Би се рекло дека повеќето мажи од Холивуд, покрај тоа што изгледаат одлично, се и одлични љубовници – сепак, искуствата покажале поинаку. Странските медиуми направиле список на „ужасни љубовници“, а на списокот биле вклучени, ни помалку ни повеќе, туку едни од најпознатите имиња како Бредли Купер, Хју Хефнер и Џастин Бибер.

Instagram

Иако живеел во вила со еден куп „секси зајчици“, Хју Хефнер не важел за „крал на сексот“. Според неговата поранешна свршеница Кристал Харис, првиот човек на „Playboy“ имал проблеми со самодоверба, па затоа никогаш не се соблекувал за време на сексот. Освен тоа, со него предиграта траела само неколку минути.

Instagram

Колин Фарел важи за голем заводник и „женкар“ во Холивуд, но тој наводно не можел да се пофали со своите љубовни вештини. Една од неговите поранешни партнерки изјавила дека актерот во кревет бил подеднакво возбудлив како Мики Маус, и дека често менувал девојки затоа што ниту една од нив не сакала да остане со него.

Instagram

И Бредли Купер наводно бил лош во кревет. Џенифер Лоренс без срам открила дека актерот лошо се бакнувал, а една од неговите поранешни девојки за американските медиуми изјавила дека Бредли бил многу досаден, како и дека зборувал со француски акцент во кревет, затоа што сметал дека е романтично.

Instagram

Пејачот Џастин Бибер сè уште не ги научил правилата на бонтон во кревет. Многу од неговите поранешни девојки изјавиле дека бил многу себичен љубовник. Очекувал многу од својата партнерка, но давал малку и не правел речиси ништо. Тој не бил имагинативен и гледал само за своето задоволство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот