Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 79 пациенти, а вкупно се лекуваaт 675 болни

матични лекари
Лекари / Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 79 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 675 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекува на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 33 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 18 примени пациенти и 14 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 1 нов болен, а 2 пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 62 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 313 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 140 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 151 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 40 пациенти. На Клиниката за детски болести има 8 деца позитивни на ковид 19 вирусот, а на ГАК има 11 позитивни пациентки. Од денес работи и ковид центарот во Заводот за рехабилитација со капацитет од 38 кревети.

Вкупно 675 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 100 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот