Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 70 пациенти

EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 70 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 621 лице сомнително и потврдено за ковид-19 се лекува на инфективните оддели во главниот град.
Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 35 приеми.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 9 примени пациенти и 20 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 4 нови болни и двајца пациенти биле примени на Клиниката да Детска хирургија.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 46 оздравени пациенти.
Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 298 пациенти.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 118 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 137 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 39 пациенти. На Клиниката за детски болести има 8 деца позитивни на ковид-19 вирусот, а на ГАК има 12 позитивни пациентки.
Вкупно 621 пациент потврден и сомнителен за ковид-19 се лекува на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 60 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.
Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имаат потреба од кислородна поддршка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот