Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 27 пациенти, а вкупно се лекуваaт 254 болни

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 27 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 254 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 10 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 9 нови приеми на пациенти и 3 на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 5 пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 23 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 20 пациенти, на Клиниката за неврологија 13 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 28 пациенти со симтоми на корона вирусот.

Прочитајте и...  Системот на Халк Банка е имплементиран: Од денеска повторно ќе може да се плаќаат сметки во подружниците на Пошта

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 76 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 90 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 26 пациенти. На ГАК има една хоспитализирана ковид позитивна пациентка.

Вкупно 254 пациенти потврдени и сомнителени за КОВИД- 19 се лекува на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 95 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.

Прочитајте и...  Демократски сојуз: Македонскиот народ има длабоки корења

Поврзани вести

Демонстранти упаднаа во владината зграда во Ереван

Слободен печат

Нов протест напладне пред влада – излегуваат организаторите на свадби и други настани

Слободен печат

Во текот на пандемијата, 446 нови вработувања во јавното здравство

Слободен печат

Шахпаска: Секој има право на достоинствен живот без оглед на возраст, пол, расна и етничка припадност

Слободен печат

Форбс: САД признаа дека Ф-35 се неуспех

Слободен печат

Нема ли тајвански вакцини, бидејќи оние од Кина ќе стигнат на кинеско куково лето

Ана Анастасовска

Остави Коментар