16 C
Скопје

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 35 пациенти, вкупно се лекуваат 348

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 35 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 348 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
– Бројот на приеми во изминативе денови е намален и утрово до 8 часот имало 133 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка, велат од Министерството за здравство.
На интерните клиники, како што информираа, имало пет приеми и тоа по еден пациент бил хоспитализиран на Клиниката за гастроентерохепатологија и на ОРЛ. Тројца болни се примени на ТБЦ.
Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември” имало 14 нови приеми на пациенти. На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден хоспитализирани се 15 болни.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 35 оздравени пациенти.
Во моментот, на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 17 пациенти, на Клиниката за неврологија 17 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 22 пациенти со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 15 пациенти, на Клиниката за очни болести 8 пациенти, а на ОРЛ 7 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 17 пациенти.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 92 болен, на Клиниката за инфективни болести 122 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле 31 пациент.
Голем дел од пациентите кои се лекуваат на инфективните одделенија во болниците во главниот град се на кислородна поддршка. 
Прочитајте и...  Фајон: Завршувањето на планот за мирно распаѓање на БиХ може да доведе до нова војна на Балканот

Поврзани вести

Црни рекорди за Грција: Најголем број на починати и приклучени на апарати

Слободен печат

Лажен агент за недвижности 6 пати продал ист стан, агенциите загрижени за својот углед

Слободен печат

Богдановиќ: Новиот закон придонесе да падне мораториумот

Слободен печат

ФОТО | Музеј на „воени трофеи“: Алиев се сликаше покрај шлемовите на убиените ерменски војници

Слободен печат

Повторно рестрикции во водоснабдувањето за сите потрошувачи во Тетово

Слободен печат

Се ограничуваат трошоците на државните функционери за угостителски услуги

Слободен печат

Остави Коментар