Во ковид-центрите хоспитализирани 1 667 пациенти, слободни околу 360 кревети

EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Вкупно 1 667 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот се лекуваат на инфективните оддели и во болниците во земјава, при што во ковид-центрите има околу 360 празни болнички кревети, соопшти Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 64 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 697 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Голем број од овие пациенти се на кислородна поддршка.

Во ковид-центрите во болниците во другите градови во изминатите 24 часа е пријавено дека се лекуваат вкупно 970 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.

Во последното деноноќие, во Скопје на Интерните и хируршки клиники имало 11 приеми. Во ковид-центарот во ГОБ 8 Септември имало осум примени пациенти, а еден бил примен на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле билe примени пет нови болни, а осум пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени четири пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 53 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид-центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваaт 287 пациенти. Во ГОБ „8 Септември” има вкупно 139 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 146 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 65 пациенти. На Клиниката за детски болести има 23 деца позитивни на Ковид-19, а на ГАК има пет позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 65 болни.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и изутрината до 8 часот имало 90 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 134 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 93 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 39 пациенти, во Велес се лекуваат 96 болни, а во Куманово 100 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид – центарот во Охрид се хоспитализирани 100 пациенти, во Прилеп 107 во ковид – центарот во Гостивар 45, а во Струга 21 болен. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 93 пациенти, во Кочани 23, во Кичево 31, Кавадарци 64, а во Гевгелија 24 лица позитивни и суспектни на коронавирусот.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла. Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени, стои во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот